Thursday, February 15, 2018

Прашања

1. За време на почетното потфлање А4 го фаулирал Б6 пред топката да ги напушти рацете на судијата при потфлувањето. 2 слободни фрлања ќе бидат изведени од Б6 и играта ќе продолжи со ново потфрлување во централниот круг. Исправно?
                          Да                          Не
2. А4 постигнал кош од игра. во тој момент започнала тепачка на теренот помеѓу играчите А% и Б4. Замениците Б10, А10 и А11 го напуштиле просторот околу клупите на екипите и влегле на теренот. На двајцата играчи кој ја започнале тепачката им се досудени исклучувачки грешки. Заради напуштање на клупите и учество во тепачка на замениите Б10, А10, А11 исто така им се досудени исклучувачки грешки и останатото што следува. Дали играта ќе продолжи со уфрлување според стрелката за алтернативен посед?
                        Да                            Не
3. А1 ја ослободил (исфрлил) топката за кош од игра од полето за 3 поени. топката на својот лет кон кошот во патека на качување исправно е допрена од одмбрамбен играч кој отскокнал од полето за 2 поени. топката потоа го продолжува својот лет и влегува во кошот. На екипата А ќе и бидат доделени 3 поени бидејќи шутот на А1 е ослободен (исфрлен) од полето за 3 поени. Исправно?
                       Да                            Не
4. Додека бил на клупата на екипата во текот на првиот период, заменикот А7 дрско и некоректно му се обратил на судијата за што му е досудена техничка грешка (ТГ). Во текот на периодот тој опсул еден од противничките играчи за што веднаш му била досудена ТГ. Дали според правилата за игра А7 ќе биде исклучен од играта?
                       Да                            Не
5. Во задното поле на екипата А, при додавањето на А4 топката се одбила од грбот на Б3 и отишла во аут исто така во задното поле на екипата А. Кога играта ќе продолжи екипата А ќе има нови 8 секунди да ја префли топката во педното поле. Исправнон ?
                       Да                             Не

No comments: