1. А4 изведува уфрлување од страничната линија во задното поле. А5 кој со двете нозе стои во предното поле ја допира и скренува топката ( но не остварува посед ) кон задното поле на екипата А. А3 е првиот играч кој ја допира откако таа се вратила во задното поле. Тоа е прекршок заради нелегално враќање на топката во задно поле. Исправно?
Да Не
2. На екипата А и е доделено уфрлување во нејзиното задно поле со точно 02:00 минути преостанати на часовникот за игра во четвртиот период. На екипата А и е доделен тајм аут. После тајм аутот, уфрлувањето за екипата А че се изведе од нивното предно поле на линијата за уфрлување спротивно од записничката маса. Исправно?
Да Не
3. Ако часовникот за шут (часовникот за 24 секунди) се огласува по грешка и во тој момент ниту една од екипите нема посед на топката, судиите мора веднаш да ја прекинат играта. Исправно?
Да Не
4. А4 е во момент на шут кога Б4 направил неспортска грешка врз А5. Шутот на А4 е успешен. Судиите го признале кошот на А4 и доделиле 2 слободни фрлања на А5 проследени со уфрлување за екипата А од централна линија спротивно од записничката маса.
Да Не
5. Судиите по грешка пропуѓтиле да доделат на А5 2 слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжила и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б6 врз А6. Топката само што е ставена на располагање на А6 за првото слободно фрлање од казната за НГ, кога грешката е откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
Да Не
No comments:
Post a Comment