1. Топката истовремено е допрена од А1 и Б1 и после тоа таа излегува во аут. Стрелката за посед покажува право на посед за екипата А. За време на уфрлувањето на А2 му е досуден прекршок 5 секунди и топката е доделена за уфрлување на екипата Б. Дали екипата Б во тој случај ќе има право и на уфрлување во следната ситуација на употреба на стрелката за посед?
Да Не
2. Играчот А4 е во момент на шут при двочекор во обид за положување кога е фаулиран. Веднаш по свирката на судијата, но пред топката да ги напушти рацете на А4 се огласува сигналот за 24 секунди. По сигналот топката ги напушта рацете на А4 и влегува во кошот. Кошот не се признава и две слободни фрлања се доделени на А4. Исправо?
Да Не
3. Откако го завршув водењето на топката, А4 ја фаќа топката и прави 2 чекори. Левата нога на А4 е веќе во предното поле кога тој ја додава топката на А5 кој се наоѓа во своето задно поле. Дали е тоа прекршок вратена топка во задно поле?
Да Не
4. А1 постигнал погодок од игра. На екипата и е доделен тајм аут. После тајм аутот, Б4 кој го изведува уфрлувањето од зад челната линија ја додава топката на Б3 кој исто така е надвор од теренот зад истата челна линија. Б3 потоа ја додава топката на Б5 кој е на теренот за игра. Дали е тоа исправна акција?
Да Не
5. А1 и Б1 во скок по топката. ја фаќаат топката истовремено и доскокнуваат на подот цврсто држејки ја топката со двете раце. При доскокот на подот Б1 ја има едната нога надвор од теренот. Дали тоа е прекршок аут од Б1?
Да Не
No comments:
Post a Comment