1. За време на почетното потфрлање А4 го фаулира Б6 пред топката да ги напушти рацете на судијата при потфрлањето, 2 слободни фрлања ќе бидат изведени од Б6 и играта ќе продолжи со ново потфрлање во централниот круг. Исправно?
Да Не
2. А2 ја исфрлил топката за шут од игра со преостанати 8 секунди на часовникот за шут. Додека топката е во воздух Б4 го фаулира А5 што е трета грешка на екипата Б во тој период на играта. Шутот за кош е успешен. Судиите го признаваат кошот и доделуваат на екипата А топка за уфрлање со 14 секунди на часовникот за шут. Исправно?
Да Не
3. Слободните фрлања доделени како последица на досудени технички грешки мора да бидат изведени од играч кој бил на теренот кога ТГ била досудена. Исправно?
Да Не
4. За време на уфлување на топката од задното поле, А5 ја додава топката на А8 кој е на теренот исто така во задното поле. Топката го допрела А8, отскокнува од подот 1 до 2 секунди, после што А8 остварува посед. Дали судијата ќе започне со броење на 8 секунди во моментот кога А8 остварил посед?
Да Не
5. Ако часовникот за шут ( часовникот за 24 секунди) се огласи по грешка и во тој момент ниту една од екипите нема посед на топката, судиите мора веднаш да ја прекинат играта. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment