Monday, January 1, 2018

Прашања

1. Откако топката ги напушта рацете на првиот судија при потфрлање но пред топката легално да биде допрена, скокачот А2 прави прекршок и топката се доделува на екипата Б за уфрлување. Во овој момент еден или двата тренери бараат тајм аут или замена. дали е ова прилика за тајм аут?
                         Да                                  Не
2. А2 ја држи топката во предното поле на екипата А во близина на централната линија кога А4 прави прекршо 3 секунди. Дали уфрлувањето кое следи ќе биде изведено со местото каде се наоѓал А2 во моментот на прекршокот?
                         Да                                   Не
3. А1 започнал момент на шут продирајќи према кошот, со топката во двете раце. Б1 направил лична грешка на А1 додека е овој во континуирано движење, по што А1 прави прекршок чекори и топката влегува во кош. Дали судиите ќе го признаат кошот на А1. 
                         Да                                   Не
4. Приликата за измена или тајм аут завршува, кога тренерот на екипата А трча до записничката маса и гласно бара замена или тајм аут. Записничарот реагира и погрешно се огласува сигналот . Судијата ја стопира играта, дали судиите се во право доколку го одобрат ова барање за тајм аут или замена?
                           Да                                 Не
5.  На играчот А1 му се доделени 2 слободни фрлања. Екипата Б бара тајм аут или замена пред топката да биде ставена на располагање на изведувачот на слободни фрлања А1. Дали тајм аутот или замената ќе бидат одобрени откако ќе се изведат 2 лободни фрлања?
                          Да                                  Не

No comments: