1.
За
време на последното или единствено слободно фрлање, слободното фрлање завршува
штом топката го допре обрачот. Исправно?
Да Не 2. Б1
отскокнал од своето предно поле и го пресретнал додавањњето на А1 кон А2. Б1 со
топката во рацете истовремено со двете нозе доскокнал со опчекорена централна
линија и почнал да ја води топката. Дали тоа е исправна игра?
Да Не
3 3.
Судијата
ја потфрлил топката при почетното потфрлување, но пред топката да биде легално
одбиена од скокачите, скокачот А4 направил прекршок и топката е доделена на
екипата Б за уфрлање. Тренерот лут на својот играч веднаш бара тајм аут кој му
е одобрен од судиите. Исправно?
Да Не
4. А4 е
во момент на шут кога Б4 направил неспортска грешка врз А5. Шутот на А4 е
успешен. Судиите го признале кошот на А4 и доделиле 2 слободно фрлања на А5 проследени со уфрлување за
екипата А од централната линија спротивно на записничката маса.
Да Не
5 5.Судиите
по грешка пропуштиле да доделат на А5 2 слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжила
и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б6 врз А6.
Топката само што е ставена на располагање на А6 за првото слободно фрлање од
казната за НГ, кога грешката е откриена. Дали грешката сеуште може да се
исправи?
Да Не
No comments:
Post a Comment