1. А1 во своето задно поле ја води топката 7 секунди кога е досудена дрѓана топка. Екипата А има право на уфрлување според стрелката за посед. Екипата А ќе има само1 секунда да ја префрли топката во своето предно поле. Исправно?
Да Не
2. А4 постигнал кош од игра. Во тој момент започнала тепачка на теренот помеѓу играчите А5 и Б4. Замениците Б10, А10 и А11 го напуштиле просторот околу клупите на екипите и влегле на теренот. На двајцата играчи кои ја започнале тепчката им се досудени исклучувачки грешки. Заради напуштање на клупите и учество во тепачка на замениците Б10, А10, А11 исто така им се досудени исклучувачки грешки и останато што следува. Дали играта ќе продолжи со уфрлување според стрелката за алтернативен посед?
Да Не
3. А1 ја ослободил ( исфрлил) топката за кош од игра од полето за 3 поени. Топката на својот лет кон кошот во патека на качување исправно е допрена од одмбрамбен играч кој отскокнал од полето за 2 поени. Топката потоа го продолжува својот лет и влегува во кошот. На екипата А ќе и бидат доделени 3 поени бидејќи шутот на А1 е ослободен (исфрлен) од полето за 3 поени. Исправно?
Да Не
4. Б4 го фаулиралА4 и тоа е 6 грешка на екипата Б во тој период. Наместо А4, А3 ги извел слободните фрлања.Грешката е откриен после успешното 2 слободно фрлање. Двете слободни фрлања ќе бидат поништени и играта ќе продолжи со уфрлување од екипата Б на челната линија. Исправно?
Да Не
5. Делегатот има право и овластување да ја запре играта кога условите го бараат тоа. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment