1. А1 се наоѓал во просторот на ограничување помалку од 3 секунди, кога со двете нозе излегол од него на челната линија за да избегне прекршок 3 секунди. Веднаш потоа тој со двете нозе се враќа во просторот на ограничување и бара прием на топката. Тоа е исправна игра и не е прекршок. Исправно?
Да Не
2. А3 шутира за кош од игра. Откако топката е ослободена после шутот на А3 се огласува сигналот на часовникот за шут после што Б5 ја допира топката која е сеуште во патека на качување кон кошот. Топката сепак влегува во кошот. Судиите го поништуваат кошот и досудуваат прекршок 24 секунди. Исправно?
Да Не
3. Прегледување на снимката (ИРС) може да се користи во било кое време на натпреварот за да се утврди дали постигнатиот кош е со вредност од 2 или 3 поени. Исправно?
Да Не
4. При транзиција новиот водечки судија правилно и во права линија се движи кон новата положба на челната линија задржувајќи го истото растојание во однос на играта, за брзината и големината на играчите да остане иста од почетокот до крајот на акцијата. Исправно?
Да Не
5. После неуспешен обид за забивање на А4, топката се одбила од обрачот после што по грешка се огласил сигналот на часовникот за шут. Тоа е ситуација на потфрлање. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment