1. По шутот на А4 од игра топката го допира обрачо и се врти на него кога Б4 скока и ја одбива топката во поле. Исправна игра на Б4?
Да Не
2. За време на уфрлање или за време на слободно фрлање, според проценка на судиите, играчот намерно го одложува процесот на земање на топката. Судијата ја става топката на подот близу до местото на уфрлање или линијата за слободни фрлања, но таа постанува жива во моментот кога играчот ќе ја земе на располагање. Исправно?
Да Не
3. А4 ја водел топката во своето задно поле во траење од 5 секунди. По додавањето на А4 од задното поле топката била допрена од Б4 кој стоел со опчекорена централна линија. топката му се одбила назад на А4 кој ја фатил додека сеуште се наоѓал во задното поле. Судијата во оваа ситуација ќе започне со броење на нов период од 8 секунди. Исправно?
Да НЕ
4. Екипата А имала посед на топката 15 секунди. А1 се обидува да ја додаде топката на А2 и топката се движи да ја помине граничната линија. б1 се обидува да ја спаси топката да не оди надвор од граничните линии и отскокнува од теренот преку граничната линија. Додека Б1 е сеуште во воздухот, ја фаќа топката со двете раце и исправно ја вреќа на теренот каде А2 остварува посед на топката.Шут часовникот ќе биде ресетиран на нови 24 секунди за екипата А. Исправно?
Да Не
5. Со преостанати 25.2 секунди на часовникот за игра во вториот период, екипата А остварила посед на топката. Со преостанати 1,2 секунди на часовникот за игра, додека А1 ја имал топката во рацете се огласил сигналот на часовникот за шут. Судијата свирнал со својата свирка и досудил прекршок кога часовникот за игра покажувал 0.8 секунди преостанати за игра. Тоа е прекршок 24 секунди. Дали топката ќе биде доделена на екипата Б за уфрлување со 1.2 секунди преостанато време на часовникот за игра?
Да Не
No comments:
Post a Comment