1. Пред крај на натпреварот А1 ја прави својата 5 лична грешка и ја напушта играта. Екипата А го продолжува натпреварот со 4 играчи поради тоа што немаат заменици на располагање. Поради тоа што екипата Б води со повеќе од 15 поена разлика, тренерот на екипата Б демонстрира Фер Плеј и сака да извади еден играч како би го продолжил натпреварот со 4 играчи. Дали судиите ќе го одобрат ова барање на тренерот на екипата Б?
Да Не
2. А4 шутира на кош од игра. Часовникот за шут се огласува, по што Б4 ја одбива топката додека е во патека на качување. Дали топката во овој момент постанува мртва?
Да Не
3. Додека А2 е во момент на шут од полето за 2 поена, Б3 прави лична грешка над А5, потоа А2 ја исфрла топката и обидот е успешен. Ова е 5 грешка на екипата Б. Дали судиите ќе го признат погодокот од 2 поена на А2?
Да Не
4. А1 скока со топка и е исправно блокиран од страна на Б1. Двата играчи доскокнуваат на теренот за игра и двајцата имаат една или двете раце цврсто на топка. Дали судиите се во право доколку досудат држана топка?
Да Не
5. А1 изведува скок шут од игра. А1 ја испушта топката од раце и се враќа на подот со една нога кога Б1 прави лична грешка над А1. Дали е грешката над А1 е во момент на шут?
Да Не
No comments:
Post a Comment