1. А1 ја води топката кон противничкиот кош. Б1 е во правилна положба на чување надвор од полукругот во кој нема пробивање, но неговата задна нога гази преку линијата на полукругот. А1 кој е веќе во воздухот удира во торзото на Б1 и заради тоа е му е досудена лична грешка во напад. Исправно?
Да Не
2. При уфрлувањње за почетокот на третиот период, стрелката за посед покажува дека екипата А треба да изведе уфрлување. По грешка топката е врачена на Б4 кој ја додава на Б5 и играта продолжува. После 3-4 секунди грешката е откриена и играта е запрена од судијата. Времето за напад е рестартирано и топката е дадена на екипата која за тоа имала право. Дали според правилата тоа е исправна постапка на судијата?
Да Не
3. Според новите препораки во механиката со 3 судии, при врачување на топката за уфрлување на челната линија, водечкиот судија се поставува поблиску до страничната линија, така што играчот кој го изведува уфрлувањето се наоѓа помеѓу конструкцијата на кошот и водечкиот судија. Исправно?
Да Не
4. А1 и Б1 меѓусебно се оттурнале и им биле досудени лични грешки. На екипата А тоа е 2 тимска грешка во тој период, а на екипата Б тоа е 5 тимска грешка во тој период. Ова е обострана грешка. Слободните фрлања нема да бидат доделени. Исправно?
Да Не
5. Со 23 секунди преостанати на часовникот за игра екипата А остварила нов посед на топката. Со преостанати 19 секунди на часовникот за игра А1 шутира на кош од игра. Топката го допрела обрачот и А2 остварилпосед во скок. Часовникот за шут нема да биде уклучен кога екипата А првобитно остварила посед на топката, но тој ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А2 остварил посед на топката бидејќи сеуште има повеќе од 14 секунди на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment