1. А1 отскокнал во воздухот за шут кош од игра кога е исправно блокиран од Б2. Потоа двајцата сиграчи се вратиле на подот имајќи една или две раце цврсто на топката. Судиите досудиле:
а) прекршок од А1
б) држана топка
2. А4 направил неспотрска грешка врз Б4, после што заради меѓусебна неспортска комуникација технички грешки им се досудени на тренерите А и Б. Дали играта ќе продолжи со 2 слободни фрлања за било кој играч на екипата Б, проследено со уфрлување за екипата Б поради редослед на поништување на еднакви казни?
Да Не
3. Играчот А4 е во момент на шут при двочекор во обид за положување кога е фаулиран. Веднаш по свирката на судијата, но пред топката да ги напушти рацете на А4 се огласува сигналот за 24 секунди. По сигналот топката ги напушта рацете на А4 и влегува во кошот. Кошот не се признава и две слободни фрлања се доделени на А4. Исправно?
Да Не
4. Со 23 секунди преостанати на часовникот за игра екипата А остварила нов посед на топката. Со преостанати 19 секунди на часовникот за игра А1 шутира на кош од игра. Топката го допрела обрачот и А2 остварил посед во скок. Часовникот за шут нема да биде уклучен кога екипата А првобитно остварила посед на топката, но тој ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А2 остварил посед на топката бидејќи сеуште има повеќе од 14 секунди на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
5. Со 1 минута преостаната за игра во етвртиот период, А2 е фаулиран од Б2 во неговото задно поле и тоа е трета грешка на екипата во тој период. Екипата А има 19 секунди преостанати за игра на часовникот за 24 секунди. На екипата Б и е одобрен ТО. После тајм аутот играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А од линијата за уфрлување во предното поле спроти записничката маса со 19 секунди преостанати за напад. Испрано?
Да Не
No comments:
Post a Comment