1. Играчот Б5 ја прави својата 5 лична грешка и ведднаш после тоа прави неспортска грешка. Дали неспортската грешка ќе биде запишана како 6та грешка во записникот?
Да Не
2. А1 е фаулиран и на Б1 му се доделени 3 слободни фрлања. После првото слободно фрлање, судиите откриваат дека А1 крвари и е заменет со А6 кој го изведува второто слободно фрлање. Екипата Б бра да замени 2 ирачи. Дали ќе биде дозволено да бидат заменети 2 играчи?
Да Не
3. Истовремено со сигналот на часовникот за игра за крај на првиот период, играчот Б1 го фаулира А1 и неспортска грешка е досудена. Стрелката за наизменичен посед покажува посед за екипа Б во следната ситуација на држана топка. По изведувањето на слободните фрлања и поседот на топката за екипата А, дали стрелката за посед ќе биде сменета за екипата А за почеток на вториот период?
Да Не
4. Откако топката излегла надвор од граничните линии, А1 ја прима топката од судијата за уфрлување. А1 ја става топката на подот по што таа е земена од А2 за да ја уфрли во игра. Дали е ова прекршок?
Да Не
5. Топка во слегувачка патека или попречување се случило во било кое време за време на натпреварот. Заменици од било која екипа или двете екипи чекаат на записничката маса за да влезат во игра или тајм аут е побаран од било која екипа. Дали судииите ќе дозволат да има замена или тајм аут за било која од екипите?
Да Не
No comments:
Post a Comment