Tuesday, February 7, 2017

Прашања

1. А4 ја води топката во своето предно поле кога Б4 прави неспортска грешка врз А4 со 6 секунди преостанати на часовникот за 24 секунди. Дали нови 24 секунди ќе има екипата А на располагање?
                  Да               Не
2. За време на потфрлувањето, скокачот А4 прави прекршок. Уфрлување за екипата Б. За време на уфрлувањето, играчот Б5 прави прекршок. Дали стрелката за алтернативен посед ќе биде за екипата Б?
                   Да               Не
3. Судиите по грешка дозволиле екипата А да има посед на топката, кој всушност требал да биде за екипата Б. Играта почна и грешката е откриена пред следната мртва топка. Дали грешката сеуште може да се исправи?
                    Да              Не
4. А5 во своето задно поле стекнува контрола на топката како последица на држана топка. А5 потоа се свртува кон својот кош и упатува обид за кош од игра. По грешка Б5 го фаулира А5 пред топката да ги напушти рацете на А5. Дали кошот ќе биде признат ако шутот е успешен?
                     Да              Не
5. А1 ја доддава топката кон својот соиграч А2. Топката е пресечена од Б1 кој трча по топката да ја фати. Ниедна екипа нема посед на топката во овој момент. Точно?
                     Да              Не

No comments: