1. На стартот на второто полувреме, двете екипи напаѓаат во погрешен правец. Играчот на екипата ненамерно постигнува погодок во својот кош. Дали кошот ќе биде запишан како да го постигнал капитенот на екипата А кој се наоѓа на клупата за резервни играчи?
Да Не
2. За време на потфрлувањето А1 ја допира топката и таа оди во предно поле каде Б2 го турка играчот А2 пред да оствари контрола на топката. Уфрлувањето кое следи е за екипата А. Дали 14 секунди ќе и бидат доделени на екипата А?
Да Не
3. Топката е во воздух после шут на кош од игра на играчот А2 кога се огласува сигналот за 24 секунди, проследен со ненамерна свирка на судиите. Топката го допира обрачот. Дали е ова ситуација на потфрлување?
Да Не
4. А3 постигнува погодок, додека топката поминува низ кошот Б4 го турка А4 во борба за позиција. Ова е 5та грешка за екипата Б. Дали на екипата А ќе и доделат 2 слободни фрлања?
Да Не
5. А1 ја направил својата 5та лична грешка. Пред да биде администриран фаулот, на А1 му е досудена техничка грешка. Дали техничката грешка ќе му биде запишана на играчот како 6та и дали ќе се брои како една од грешките за бонус на екипата?
Да Не
No comments:
Post a Comment