Sunday, January 22, 2017

Прашања

1. Откриено е дека еден од стартните пет кошаркари, не е на теренот за игра. Ова е откриено пред почетокот на натпреварот. Грешката ќе биде занемарена и натпреварот продолжува без никакви санкции?
                 Да               Не
2. Истовремено се огласува сирената на часовникот за игра и крај на периодот кога играчот Б1 прави лична грешка над играчот А1 кој е во момент на шут и доделени се две слободни фрлања. Интервалот на игра започнува пред да се изведат слободните фрлања?
                 Да               Не
3. Ако некој период започне така да двете екипи напаѓаат/бранат погрешни кошеви, ситуацијата штом се открие се исправува, без да се доведе било која екипа во подредена положба. Сите постигнати кошеви, потрошено време, досудени грешки, пред да се запре играта важат? 
                 Да               Не
4. Прекршок на екипата за време на алтернативен посед не причинува таа екипа да го изгуби правото на алтернативниот посед?
                 Да                Не
5. Играчот А1 скока со топката и е правилно блокиран од играчот Б1. Двата играча се враќаат на теренот за игра и двајцата имаат една или двете раце цврсто на топката? Досуден е прекршок на играчот А1?
                 Да                Не

No comments: