1. Б1 прави грешка на А1 и тоа е 6 грешка на екипата Б. На А1 му се доделени 2 слободни фрлања. Наместо А1, А2 е тој кој ќе ги изведе 2те слободни фрлања. Грешката е откриена пред топката да ги напушти рацете на А2 при првото слободно фрлање. Дали грешката може да се исправи?
Да Не
2. Б1 прави неспортска грешка над А1 и погодокот од игра е успешен. А1 после тоа прави техничка грешка. Дали казните за неспортска грешка на Б1 и техничката грешка на А1 можат да се поништат?
Да Не
3. А1 е исклучен поради флагрантно неспортско однесување. А1 го напушта теренот и вребално ги навредува судиите. Дали судиите се во право доколку досудат техничка грешка на тренерот на екипата А?
Да Не
4. Со 0:53 колку останало да се игра во последните минути од натпреварот при уфрлувањето А1 ја има топката во своите раце или на располагање кога А2 направи контакт со Б2 на терен за игра и досудена е грешка на А2. Дали е ова неспортска грешка?
Да Не
5. Судиите откриле дека А2 е шести играч на екипата А на теренот за игра и ја запираат играта по што А2 постигнува погодок од игра. Дали погодокот ќе се признае?
Да Не
No comments:
Post a Comment