1. Додавањето на А1 од задното поле на екипата А го допира судијата кој ја има опчекорено централната линија. Дали топката е во предно поле?
Да Не
2. На играчот А1 му е доделено уфрлување на почетокот на 2 период и има право да ја додаде топката на било кое место на теренот. Откако ја има топката на располагање, А1 направил еден нормален чекор и поради тоа ја менува својата позиција која се однесува на предното или задното поле. Дали А1 има право да ја додаде топката на било кое место на теренот?
Да Не
3. Играчот А1 го завршил своето водење, А1 ја фрла топката и таа се одбива од таблата и ја фаќа или ја допира пред таа да биде допрена од страна на друг играч. Дали е ова ситуација прекршок?
Да Не
4. Топката е во лет при обид за шут од игра на А1 кога се огласува сигналот на часовникот за шут. Топката не го допира обрачот, играчите А1 и Б2 ја држат топката и е досудена држана топка. Дали судиите се во право доколку досудат држана топка?
Да Не
5. А1 шутира на кош од игра, топката го допира обрачот, Б1 ја допира топката и таа оди надвор од граничните линии. Дали екипата А ќе има нови 24 секунди на располагање?
Да Не
No comments:
Post a Comment