1. По направена 5 грешка, играчот Б1е информиран дека нема право да игра. Играчот Б1 потоа повторно влеува во игра заменувајки го Б2. Неправилното играње на играчот Б1 е откриено откако играчот Б1 направил лична грешка. Грешката на играчот Б1 се запишува во записникот во просторот за лични грешки на играчот Б2?
Да Не
2. Погодокот се признава, ако е постигнат, кога било кој играч или особа на клупа на екипата во одбрана добива техничка грешка додека контрола на топката има противнички играч кој се наоѓа во акција шутирање на кош од игра?
Да Не
3. Со преостанати 22 секунди до крајот на четвртиот период од натпреварот, играчот А1 ја води топката 6 секунди во своето задно поле. Тогаш играчот Б1 ја прави 3 грешка на екипата Б во овој период и на екипата А и е доделен тај аут. По тај аутот екипата А ја продолжува играта со уфрлување од линијата уфрлување спроти записничката маса во предното поле со нови 24 секунди за напад?
Да Не
4. Со 2:09 преостанати во 4 период, тренерот на екипата А го бара својот прв тајм аут во второто полувреме додека играта е во тек. Со 1:58 играта е запрена, топката оди надвор од граничните линии и часовникот за игра е запрен. На екипата А сега и е доделен тајм аут. Бидејќи тајм аутот е побаран пред последните две минути, екипата А има уште 2 преостанати тај аути?
Да Не
5. Со преостанати 0:48 секунди во последниот период, играчот А1 ја води топката во своето предно поле кога играчот Б1 ја одбива топката која оди во задното поле и играчот А1 повторно запончнува ново водење. Во овој момент играчот Б3 направил 3 грешка на екипата Б во овој период во задното поле на екипата А со преостанати 6 секунди на часовникот за шут. На екипата А и е доделен тајм аут. Дали екипата А ќе има 14 секунди во предното поле?
Да Не
No comments:
Post a Comment