1. Во последните минути на натпреварот А4 ја води топката во своето задно поле и му е избиена од Б6 надвор од граничните линии во висина на продлжената линија за слободни фрлања во задното поле на екипата А. Одобрен е тајм аут на екипата А. После искористениот тајм аут, играч на екипата А добива топка за уфрлување во игра на продолжената линија спроти записничката маса?
Да Не
2. А4 ја уфрла топката во задното поле на екипата А. Уфрлената топка ги допира теата на играчите А5 и Б5, се одбива и после една/две секунди топката ја фаќа А5. Броењето 8 секунди почнува кога А5 ќе дојде во посед на топката?
Да Не
3. Додека ја води топката во своето предно поле А4 е фаулиран од Б3, кога дисплејот за мерење 24 секунди покажува 3 секунди. Тоа е втора грешка на екипата Б во овој период. Екипата А има топка за уфрлување и 14 секунди за напад на дисплејот за 24 секунди?
Да Не
4. А4 ја дрибла топката преку полукругот под противничкиот кош, при тоа удира во торзото на противникот Б5, кој со обете стопала стои внатре во полукругот и постигнува погодок. Погодокот се признава а претходниот контакт од страна на напаѓачот А4 се занамарува?
Да Не
5. Првиот судија е овластен на крајот на првиот период да употреби IRS доколку е достапна и одобрена, како помош при конечната одлука дали постигнатиот погодок важи 2 или 3 поена?
Да Не
No comments:
Post a Comment