1. А1 има една нога во полето на ограничување, а другата надвор од полето на ограничување. Дали судиите се во право доколку досудат 3 секунди А1.
Да Не
2. А1 ја води топката во своето задно поле кога судиите досудиле прекршок 8 секунди. Дисплејот на часовникот за 24 секунди покажува дека прошло само 7 секунди. Дали одлуката на судиите е исправна?
Да Не
3. Екипата е во посед на топката 5 секунди во своето задно поле кога се случила држана топка. Екипата А има право на следниот наизменичен посед. Дали екипата А ќе има право на нови 8 секунди?
Да Не
4. А1 ја опчекорува централната линија и ја прима топката од А2 кој е во задно поле. Потоа А ја додава топката назад до А2 кој е уште во задното поле на екипата А. Дали ќе продолжи броењето на 8 секунди?
Да Не
5. А1 ја води топката од своето задно поле и го завршува водењето држејќи ја топката со опчекорена централна линија. А1 потоа ја додава топката накај А2 кој исто така ја опчекорува централната линија.Дали судиите ќе продолжат со броење на 8 секунди?
Да Не
No comments:
Post a Comment