1. Ако играч - тренер А5 мора да ја напушти играта поради 5-та лична грешка, дали ќе му биде дозволено да остане на клупа и да продолжи со улогата тренер на екипата А?
Да Не
2. При уфрлување на почетокот на вториот период, дали интервалот на игра завршува кога топката че допре или биде допрена од страна на еден од играчите на теренот за игра?
Да Не
3. Откриено е дека еден од играчите на теренот за игра не е еден од потврдените 5 играчи. Ова се случува пред првиор судија да влезе во кругот за потфрлување на почеток на натпреварот. Дали грешката ќе биде занемарена?
Да Не
4. Досудена е техничка грешка на А1. Дали каитенот на екипата Б ќе го одреди изведувачот на слободното фрлање?
Да Не
5. А5 е повреден. А10 влегува во игра да го замени А5. Потоа тренерот на екипата А бара тајм-аут. За време на тајм-аутот А5 се опоравува и бара од судијата да остане во игра. Дали судиите ќе му дозволат?
Да Не
No comments:
Post a Comment