Tuesday, July 26, 2016

Прашања

1. Откако остварил посед на топката во скок под кошот, А4 паднал на подот со топката во своите раце. Додека бил на подот тој почнал со својот дриблинг и дриблајки станал од подот. Исправна акција?
                  Да                Не 
2. А4 шутира на противничкиот кош од своето предно поле со 14 преостанати секунди на часовникот з 24 секунди, кога топката се заглавила помеѓу обрачот и таблата. Стрелката за посед е во корист на екипата А. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А со нов период од 24 секунди, поради тоа што топката го допрела обрачот. Исправно?
                 Да                  Не
3. А4 од своето задно поле се обидел да ја додаде топката на А5 кој е во предно поле. Б4 отскокнал од своето предно поле, остварил посед во воздух и пред да доскокне во задното поле ја додал топката на Б5 кој е во задното поле на екипата Б. Прекршок вратена топка во задно поле. Исправно?
                 Да                   Не
4. За време на последните две минути од вториот период, Б6 доаѓа на записничката маса и бара замена. Веднаш потоа екипата А постигнала кош од игра. Дали во тој момент на Б6 ќе му биде дозвелено да влезе во игра?
                 Да                   Не
5. А7 извел последно или единствено слободно фрлање. Топката е во воздухот кога на А5 и Б5 им е досудена обострана грешка. Топката после слободното фрлање не го допрела обрачот. Дали тоа е ситуација на потфрлање и играта ќе продолжи според правецот на стрелката за посед?
                 Да                   Не

No comments: