Tuesday, July 19, 2016

Прашања

1. За вереме на почетното потфрлање, скокачот А4 исправно ја одбил топката но таа отишла надвор од граничните линии. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата Б. Во моментот кога топката ќе биде на располагање на играч на екипата Б за уфрлување, стрелката ќе биде доделена на екипата А?
                  Да                    Не
2. После шут на кош од игра на А4 топката е во слегувачка патека кога скоро истовремено е допрена од А5 и Б5. Потоа топката влегува во кошот. Кошот ќе биде поништен, тоа е ситуација на потфрлање и играта ќе продолжи според правецот на стрелката за посед. Исправно?
                  Да                     Не
3. Судијата со топката во раце влегува во централниот круг за почетно потфрлање, кога еден од останатите двајца судии досудува техничка грешка на А7 кој е на клупата на екипата А. Грешката ќе биде впишана на тренерот на екипата А. Исправно?
                  Да                     Не
4. Во прворо полувреме тренерот А е санкциониран со техничка грешка поради лично неспортско однесување. За време на ситуација на тепачка во второто полувреме А4 и А5 се исклучени поради напуштање на просторот околу клупата за што и за тренерот А следи соодветна санкција. Дали во ова ситуација тренерот А ќе биде исклучен?
                  Да                      Не
5. За време на последното или единствено слободно фрлање на А4, топката во патека на качување пред да удри во обрачот е допрена од Б4. Судиите одлучуваат: Прекршок од Б4 и доделуваат 1 поен на екипата А. Исправно?
                  Да                       Не

No comments: