1. А4 ја направил својата петта лична грешка, но судиите не го забележале тоа и по грешка го оставиле во игра. После тоа А4 направил уште една 6 (шеста) лична грешка, кога грешката е откриена. Дали шестата лична грешка на А4 ќе му биде впишана на тренерот А?
Да Не
2. Дали е возможно да во последната минута од играта, било која екипа да има посед на топката во своето задно поле 20 секунди?
Да Не
3. Играчот А4 е во момент на шут при двочекор во обид за положување кога е фаулиран. Веднаш по свирката на судијата, но пред топката да ги напушти рацете на А4 се огласува сигналот за 24 секунди. По сигналот топката ги напушта рацете на А4 и влегува во кошот. Кошот не се признава и две слободни фрлања се доделени на А4. Исправно?
Да Не
4. На играчот А4 му е досудена техничка грешка. Пред изведувањето на двете слободни фрлања од казната, тренерот Б го заменува Б5 со Б6. Дали Б6 може да ги изведе двете слободни фрлања?
Да Не
5. А2 ја додава топката кон А4 кога Б3 во намера да ја пресече ја допира но само ја скренува нејзината патека. А4 и А3 трчаат по топката кога А4 го оттурнува Б3 и на А4 му е досудена лична грешка која е шеста тимска грешка на екипата А во тој период, Б3 налутен од отурнувањето го удира А4 и заради тоа е исклучен и мора да ја напушти играта и салата. Б3 е заменет со Б6. Одлуката на судиите е : 2 слободни фрлања за Б6, а потоа две слободни фрлања за А4 проследени со посед за екипата А од продолжената средна линија спротивно на записничката маса. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment