1. На играчот А4 му се доделени 3 слободни фрлања. По грешка после второто слободно фрлањње скокачите тргнале на скок, Б5 остварил посед на топката и екипата Б тргнала во напад минувајќи во своето предно поле. Во тој момент грешката е откриена и играта е запрена. Бидејќи во тој момент грешката сеуште може да се исправи, А4 ќе изведе уште едно слободно фрлање и играта ќе продолжи како после секое последно или единствено слободно фрлање. Исправно?
Да Не
2. Првиот помошник досудил лична грешка и ја казнил акцијата со уфрлување на топката од челната линија. Првиот судија ја преиначил одлуката на првиот помошник и дал две слободни фрлања бидејќи според неговото мислење играчот бил во момент на шут. Исправно?
Да Не
3. После истечени 50 секунди од секој тајм-аут, записничарот го огласува својот сигнал за да ги извести двете екипи и судиите за крај на тај-аутот. Исправно?
Да Не
4. А5 постигнал кош од игра при што е фаулиран од Б9 и на А5 му е доделено дополнително слободно фрлање. На екипата А и е доделен тајм аут пред слободното фрлање. После тајм-аутот А2 успешно го извел дополнителното слободно фрлање. По фрлањето Б4 ја имал топката на располагање на челната линија кога грешката е откриена. Судиите го поништиле кошот на А2 и играта треба да продолжи со уфрлување Б од:
а) челната линија
б) продолжена линија за слободни фрлања
5. Кога таблите на кошевите се опремени со светлечки ленти по нивните обиколници, светлосниот сигнал преовладува врз звучниот сигнал на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment