1. Судиите по грешка пропуштиле да му доделат на А5 две слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжила и топката постанала мртва поради досудена неспортска грешка на Б6 врз А6. Топката само што е ставена на располагање на А6 за првото слободно фрлање од казната за неспортска грешка, кога грешката е откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
Да Не
2. А4 стои со двете нозе во своето предно поле близу до централната линија. А4 користи додавање од подот за да ја додаде топката на А5 кој исто така стои со двете нозе во своео предно поле близу до централната линија. пред да дојде до А5 топката го допира кој е составен дел на задното поле на екипата А. Дали тоа е прекрѓок вратена топка во задно поле?
Да Не
3. После шут на кош од игра на А4, топката се одбила од обраќот, за потоа во слегувачка патека кон кошот да биде допрена од А5 или Б5. Дали во ваква ситуација се случил прекршок?
Да Не
4. А5 постигнал кош од игра при што е фаулиран од Б9 и на А5 му е доделено дополнително слободно фрлање. На екипата А и е доделен тајм аут пред слободното фрлање. После тајм-аутот А2 успешно го извел дополнителното слободно фрлање. По слободното фрлање Б4 ја имал топката на располагање на челната линија кога грешката е откриена. Судиите го поништиле кошот на А2 и играта треба да продолжи со уфрлување за екипата Б од:
а) челната линија
б) продолжената линија за слободни фрлања
5. После ситуација на потфрлање, стрелката за посед покажува дека екипата А треба да изведе потфрлање. По грешка топката е врачена на Б4 кој ја доддава на Б5 и играта продолжува. После 1-2 секунди грешката е откриена и играта е запрена. Дали тогаш грешката може да се исправи?
Да Не
No comments:
Post a Comment