1. За време на уфрлување на топката од топката од задното поле, А5 ја додава топката на А8 кој е на терен исто така во задното поле. Топката го допрела А8, отскокунува од подот 1 до 2 секунди, после што А8 остварува посед. Дали судијата ќе започне со броење на 8 секунди во моментот кога А8 остварил посед?
Да Не
2. Првиот помошник досудил лична грешка и ја казнил акцијата со уфркување на топката од челната линија. Првиот судија ја преиначил одлуката на првиот помошник и дал две слободни фрлања, бидејќи според негово мислење играчот бил во момент на шут. Исправно?
Да Не
3. После истечени 50 секунди од секој тајм-аут, записничарот го огласува својот сигнал за да ги извести двете екипи и судиите за крај на тајм-аутот. Исправно?
Да Не
4. А5 има посед на топката во своето задно поле и истата ја додава кон А6 кој се наоѓа во предното поле на екипата А. Топката пред да дојде до А6 го удира судијата кој е во предното поле на екипата А и се одбива назад во задното поле каде А5 повторно остварува посед. Тоа е исправна игра и прекршок нема да биде досуден. Исправно?
Да Не
5. Екипата А има посед на топката во предното поле со преостанати 4 секунди за напад кога Б5 е повреден и судиите ја запреле играта, Б5 е заменет и играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А со нов период од 24 секунди. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment