Thursday, June 2, 2016

Прашања

1. На играчот А1 му е досудена техничка грешка. При изведувањето на двете слободни фрлања од казната, тренерот на екипата Б го заменува Б5 со Б6. Дали може Б6 да ги изведе двете слободни фрлања?
                Да                 Не
2. А4 направил неспортска грешка врз Б4, после што заради меѓусебна неспортска комуникација, технички грешки им се досудени на тренерите А и Б. Играта ќе продолжи со 2 слободни фрлања за Б4, проследено со уфрлување за екипата Б?
                 Да                Не
3. Кога таблите на кошевите се опремени со светлечки ленти по нивниот периметар, звучниот сигнал преовладува врз светлосниот сигнал на часовникот за игра. Исправно?
                 Да                Не
4. После шут на кош од игра на А8, топката се одбила од обрачот и во ситуација на скок по топката, А8 во воздухот остварил посед на топката и доскокнувајќи остварил контакт во торзото на Б4 кој е во исправна одмбрамбена положба внатре во полукругот каде нема пробивање. Оваа е исправна акција на А8 бидејќи правилото на полукруг каде нема пробивање ќе се примени. Исправно?
                  Да                Не
5. А4  фаулиран додека шутирал од полето за 3 поени, но по грешка му се доделени само 2 слободни фрлања. После второто слободно фрлања, топката се одбила од обрачот и во скок била освоена од Б5 кога грешката е откриена и играта била запррена. А4 ќе изведе уште едно слободно фрлањње и играта ќе продолжи со уфрлување за екипата Б. Исправно?
                 Да                 Не

No comments: