1.Откако осварил посед на топката во скок под кошот, А4 паднал на подот со топката во своите раце. Додека бил на подот тој почнал со својот дриблинг и дрблајки станал од подот. Исправна акција?
Да Не
2.На А2 му е доделено уфрлување од страничната линија, близу до централната линија во неговото задно поле. Откако ја имал топката на располагање, А2 направил еден нормален страничен чекор, со што ја сменил положбата од задно во предно поле. Тогаш тој ја додал топката во своето задно поле. Исправно?
Да Не
3.После последното или единствено слободно фрлање на А1 топката удрила во обрачот и се одбила над него, кога Б2 се обидел да ја избие топката од над обрачот, ја допрел но таа сепак влегла во кошот. Дали на екипата А ќе и бидат доделени 2 поени?
Да Не
4. А4 направил неспортска грешка врз Б4, после што заради меѓусебна неспортска комуникација технички грешки им се досудени на тренерите А и Б. Дали играта ќе продолжи со 2 слободни фрлања за било кој играч на екипата Б, проследено со уфрлување за екипата Б поради редослед на поништување на еднакви казни?
Да Не
5.А7 извел последно или единствено слободно фрлање. Топката е во воздухот кога на А5 и Б5 им е досудена обострана грешка. Топката после слободното фрлање не го допрела обрачот. Дали тоа е ситуација на потфрлање и играта ќе продолжи според правецот на стрелката за посед?
Да Не
No comments:
Post a Comment