1. За време на првото полувреме од играта А2 му е доцсудена ТГ поради лошо однесување. На помалку од две минути пред крај на четвртиот период А2 го фаулира Б2 и тоа е петта лична грешка на А2 а воедно и трета на екипата во тој период. Фрустриран А2 неспортски реагира и му е досудена ТГ. Дали заради досудена втора ТГ А2 веднаш ќе биде исклучен?
Да Не
2. А1 шутира за кош од игра со 20 секунди преостанати за напад на часовникот за шут. Топката го допрела обрачот, се одбила од него и А2 остварил посед на топката. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди, без разлика дали А2 остварил посед на топката во предното или задното поле.
Да Не
3.Играчот е во момент на шут при двочекор во обид за положување кога е фаулиран. Веднаш по свирката на судијата, но пред топката да ги напушти рацете на А4 се огласува сигналот за 24 секунди. По сигналот топката ги напушта рацете на А4 и влегува во кошот. Кошот не се признава и две слободни фрлања се доделени на А4. Исправно?
Да Не
4. А3 е фаулиран од Б4, што претставува шеста грешка на екипата Б во тој период но по грешка, наместо заслужените слободни фрлања за А3, на екипата и е доделена топката за уфрлање од страничната линија. По уфрлувањето А4 ја водел топката и е фаулиран од Б5 во момент на шут и му се доделени 2 слободни фрлања. Додека часовникот е запрен, судиите ја увиделе претходната грешка и одлучиле да му доделат на А4 2 слободни фрлања без скокачи во полињата поред рекетот, а потоа две слободни фрлања за А3, после што играта ќе продолжи како после нормални слободни фрлања. Исправно?
Да Не
5.А2 ја додава топката кон А4 кога Б3 во намера да ја пресече ја допира топката но само ја скренува нејзината патека. А4 и Б3 трчаат по топката кога А4 го оттурнува Б3 и на А4 му е досудена лична грешка која е шеста тимска грешка на екипата А во тој период. Б3 налутен од оттурнувањето го удира А4 и заради тоа е исклучен и мора да ја напушти играта и салата. Б3 е заменет од Б6. Одлуката на судиите е: 2 слободни фрлања за Б6, а потоа 2 слободни фрлања за А4 проследени со посед за екипата А од продолжената средна линија спротивно од записничка маса. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment