1. За време на уфрлување или за време на слободно фрлање, според проценка на судиите, играчот намерно го оддложува процесот на земања на топката. Судијата ја става топката на подот близу до местото на уфрлање или линијата за слободни фрлања, но таа постанува жива во моментот кога играчот ќе ја земе на располагање. Исправно?
Да Не
2.А1 ја водел топката во траење од 4 секунди во своето задно поле кога започнува тепачка. Замениците А7 и Б9 се исклучени заради влегување на теренот. Еднаквите казни меѓусебно се поништиле и играта продолува со уфрлување за А2 од централната линија отспротива на записничката маса. А2 ја додал топката на А3 кој се наоѓа во своето задно поле. Екипата А има 4 секунди да ја пренесе топката во предното поле. Исправно?
Да Не
3. А4 од своето задно поле се обидел да ја додаде топката на А5 кој е во предното поле. Б4 отскокнал од своето предно поле, остварил посед во воздух и пред да доскокне во заднотот поле ја додал топката на Б5 кој е во задното поле на екипата Б. Дали е тоа исправна игра на Б4?
Да Не
4. А1 го започнал својот момент на шут продирајќи кон кошот, држејќи ја топката со двете раце. Во подолжение на своето движење тој е фаулиран од Б1, после што А1 направил прекршок чекори, а топката влегла во кошот. Кошот нема да се смета (важи). На А1 ќе му бидат доделени 2 или 3 слободни фрлања. Исправно?
Да Не
5. Со преостанати 58 секунди на часовникот за игра во четвртиот период, А1 е фаулиран во своето задно поле од Б1. Екипата А има преостанати 19 секунди на часовникот за шут. Ова е трета лична грешка на екипата Б во тој период. На екипата А и е одобрен тајм аут. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А од линијата за уфрлување отспротива на записниќката маса во предното поле со нови 24 секунди на часовникот за шут. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment