1.Б1 направил неспортска грешка врз А1 при успешен шут за кош од игра. Потоа А1 направил техничка грешка. Ќе бидат доделени 2 поени за А1. Казните од неспортската и техничката грешка ( 1 слободно фрлање и посед за двете екипи) меѓусебно ќе се поништат и играта ќе продолжи со уфрлување од било кое место на челната линија како после секој постигнат кош. Исправно?
Да Не
2.А1 се наоѓа во момент на шут кога истовремено со сигналот на часовникот за игра за крај на периодот е фаулиран од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. Интервалот на игра ќе започне веднаш после сигналот за крај на периодот, а слободните фрлања ќе се изведат на почетокот на наредниот период. Исправно?
Да Не
3.Со 2.00 минути преостанати за игра во последниот период на играта, А5 ја има топката во своите раце за уфрлање, кога Б5 причинил контакт на теренот и нему му е досудена лична грешка. Дали во ваква ситуација мора да биде досудена неспортска грешка?
Да Не
4.Екипата А има посед на топката 15 секунди. А1 се обидува да ја додаде топката на А2 и топката се движи да ја помине граничната линија. Б1 се обидува да ја спаси топката да не оди надвор од граничните линии и отскокнува од теренот преку граничната линија. Додека Б1 е сеуште во воздухот, ја фаќа топката со двете раце и исправно ја враќа на теренот каде А2 остварува посед на топката. Шут часовникот ќе биде ресетиран на нови 24 секунди за екипата А. Исправно?
Да Не
5.Со 2:09 преостанато време за игра во 4 период, тренерот А го бара својот прв тајм аут во второто полувреме додека играта тече. Со 1:58 преостанато време за игра, топката оди надвор од теренот и часовникот за игра е запрен. Во тој момент е одобрен тајм аутот за екипата А. Записничарот ќе маркира во записникот 2 хоризонтални линии во првото поле за тајм аут на екипата А во второто полувреме бидејки тајм аутот е одобрен на 1:58 до крај на 4 период. Одобрениот тајм аут ќе биде внесен во второто поле и екипата А ќе има само уште еден преостанат тајм аут. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment