- А1 ја водел топката во траење на 4 секунди во своето задно поле кога
започнува тепачка. Замениците А7 и Б9 се исклучени заради влегување на теренот.
Еднаквите казни меѓусебно се поништиле и играта продолжила со уфрлање за А2 од
централната линија отспротива на записничката маса. А2 ја додал топката на А3
кој се наоѓа во своето задно поле. Екипата има нови 8 секунди да ја пренесе
топката во предното поле. Исправно?
ДА НЕ - Б1 направил неспортска грешка врз А1 при успешен шут за кош од игра. Потоа А1 направил техничка грешка. Ќе бидат доделени 2 поени за А1. Казните од неспортската и техничката грешка (1 слободно фрлање и посед за двете екипи) меѓусебно ќе се поништат и играта ќе продолжи со уфрлање од било кое место на челната линија како после секој постигнат кош. Исправно?
ДА НЕ - После ситуација на потфрлање, стрелката за посед покажува дека екипата А треба да изведе потфрлање. По грешка топката е врачена на Б4 кој ја додава на Б5 и играта продолжува. После 1-2 секунди грешката е откриена и играта е запрена. Дали тогаш грешката може да се исправи?
ДА НЕ - А1 стои со двете нозе во задното поле близу до централната линија, кога се обидел да одигра додавање од земја кон А2, кој исто така со двете нозе стои во задното поле близу до централната линија. При додавањето топката го допира предното поле пред да го допре А2. Прекршок вратена топка во задно поле. Исправно?
ДА НЕ - Судиите по грешка пропуштиле да доделат на А5 две слободни фрлања кои му следуваат според правилата. Играта продолжила и топката постанала мртва поради досудена Неспортска грешка на Б6 брз А6. Топката само што е ставена на располагање на А6 за првото слободно фрлање од казната за НГ, кога грешката е откриена. Дали грешката сеуште може да се исправи?
ДА НЕ
СУДИСКА КОМИСИЈА НА КОШАРКАРСКИ СУДИИ И ДЕЛЕГАТИ НА ГРАД СКОПЈЕ
Tuesday, January 5, 2016
Прашања
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment