Monday, January 25, 2016

Прашања

1. А1 и Б1 меѓусебно се оттурнале и им биле досудени лични грешки. На екипата А тоа е 2 тимска грешка во тој период, а на екипата Б тоа е 5 тимска грешка во тој период. Ова е обострана грешка. Слободни фрлања нема да бидат доделени. Исправно?
          Да                    Не
2. А1 ја води (дрибла) топката, застанува и тогаш А1 губи баланс и без да ја помрдне својата пивот нога еднаш или два пати го допира подот со топката додека ја држи топката со двете раце. Дали тоа е исправна акција на А1 бидејќи тој не ја помрднал својата пивот нога?
          Да                    Не
3. А1 е фаулиран од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. После првото слободно фрлање, судиите откриле дека А1 крвари и тој е заменет со А6 кој треба да го изведе второто слободно фрлање. Во тој момент екипата Б исто така бара да замени 1 играч. Одобрувате?
          Да                   Не
4. За време на последното или единствено слободно фрлање на А4, топката во патека на качување пред да удри во обрачот е допрена од Б4. Судиите одлучуваат: Прекршок од Б4 и доделуваат 1 поен на екипата А + техничка грешка на Б4. Исправно?
          Да                    Не
5. А1 шутира на кош од игра со 20 секунди преостанати за напад на часовникот за шут. Топката го допрела обрачот, се одбила од него и А2 остварил посед на топката. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди, но само ако А2 остварил посед на топката во своето предно поле. Исправно?
          Да                   Не

No comments: