Оваа година како и многу години наназад се организаира меѓународниот турнир СКАНИА КУП 2014 во Стокхолм, Шведска, во период од 18 до 21 Април 2014 год, и за таа цел судиската комисија на Град Скопје распишува интерен Конкурс за заинтересирани учесници за Сканиа Куп 2014.
Право на учество на конкурсот имаат сите заинтересирани судии кои се членови на СККСГС,
- да се родени на 1 јануари 1985 или порано,
- да бидат со најмал ранг регионален судија и
- да се потенцијални судии за прва лига или да судат прва лига во сениорски категории
На овој турнир еден од предавачите ќе биде и нашиот ФИБА национален инструктор Ѓорѓи Пиперков заедно со многу истакнати инструктори од ФИБА,
Котизацијата за турнирот изнесува 180 евра плус патни трошоци.
Пријавите да се испратат на sudiska_komisija@yahoo.com најдоцна до четврток 26.12.2013 год.
Доколку има повеќе пријавени кандидати, комисија во состав Слободан Тасевски (претседател на СККСГС), Влатко Цветаноски (потпретседател на СККСГС) и Александар Милојевиќ (ФИБА судија) ќе направи ранг листа од пријавените кандидати и ќе ги номинира најдобро рангираните.
Повеќе информации за турнирот на интернет страната http://scania.cups.nu/
Со почит,
Слободан Тасевски
No comments:
Post a Comment