Wednesday, September 25, 2013

Информации за редовниот годишен Семинар „Охрид 2013“

Ги информираме сите членови дека според поканата добиена од Судиската комисија на Македонија, деталите за овогодинешниот Семинар „Охрид 2013“ се следни:

- ќе се одржи од 4 до 6 октомври во Хотел БЕТОН во Охрид

- време на пристигнување: петок 4.10, најдоцна до 17.00 часот

- почеток на официјалната програма: во 18.30 ч.

- предавања: сабота 5.10.2013 г. (детали за предавачите и предавањата во официјалната програма на Семинарот)

- тестирања: недела, 6.10:
од 9.00 - 11.30 - теоретски тестови за судии и делегати
од 12.30 - физички „Легер“ тест за сите судии (за овој тест секој судија е должен да приложи уверение од овластена спортска установа)
Сите тестови се елиминаторни, што значи дека сите оние кои нема да ги положат тестовите, нема да бидат на листите за активни судии или делегати за првиот дел од натпреварувачката 2013/2014.

- цена за учество на Семинарот: 3.200 ден + 3% членарина според список на СКМКФ (плаќањето се врши на пултот за пријавување во самиот хотел при пристигнување, плаќање исклучиво во готово)

Колегите кои не добиле официјална покана и програма на својот е-маил досега, веднаш нека се обратат до нас на sudiska_komisija@yahoo.com или на нашиот фејсбук профил: www.facebook.com/sudiska.gradskopje


На сите членови им посакуваме успешен Семинар.

No comments: