Saturday, October 13, 2012

Почеток на редовните состаноци за оваа сезона

Ги информираме сите членови дека редовните состаноци со членството ќе започнат од претстојниот понеделник, 15.10.2012 г. во 18.00 ч. во просториите на МКФ.
На првиот состанок сезонава, ќе се разговара за искуствата и предизвиците од првите неколку одиграни кола во младинските лиги, како и препораки и евентуалии за претстојните сениорски лиги.
Согласно договорот со еден нов спонзор за сезонава, пак, на состанокот ќе биде поделена и новата реклама која ќе мора да се аплицира на задниот дел од дресот, се’ до набавката на нови дресови.
По завршувањето на техничкиот дел од состанокот, ќе следи едукација за помошни судии со практични примери преку прашања и ситуации на натпревари.

Ве молиме за задолжително присуство на состанокот.

Со почит,
СККСГС

No comments: