Почитувани Колеги,
Судиската комисија на кошаркарските судии на град Скопје (СККСГС) согласно одлуките на Судиската Комисија на Кошаркарската Федерација на Македонија (СККФМ) донесени на 18.05.2009 година ве известува за следново:
1. ОГЛАС ЗА НОВИ КОШАРКАРСКИ СУДИИ,
Сите кандидати (Ваши другари, пријатели, познаници и други заинтересирани) кои се на возраст од 16 до 26 години и имаат претходно познавање од кошаркарската игра, може да се пријават секој понеделник од 18:00 часот во просториите на КФМ или кај секретарот на СККСГС - Г-динот Јане Јанев, најкасно до 01.06.2009 година.
СККСГС на сите заинтересирани кандидати кои ќе се пријават до тој датум, може да им организира и обука (семинар, предавања и сл.), по која ќе се полагаат тестови од познавање на службените кошаркарски правила и механиката на кошаркарското судење на ден кој ќе го утврди СККСГС.
Услов за појавување на испитот е приложување на лекарско уверение издадено само од институциите: Спортска медицина, Институт за физиологија или слична специјализирана установа за спортска медицина.
2. ПОЛАГАЊЕ ЗА РАНГ
Имајќи го во предвид ПРАВИЛНИКОТ за работа на Судиската комисија на Кошаркарската федерација на Македонија (СККФМ), Судиската комисија на кошаркарски судии на град Скопје (СККСГС) заклучно со 01.06.2009 година ќе објави список на сите заинтересирани кошаркарски судии за полагање за повисок ранг - Регионален и Државен кошаркарски судија на нашиот БЛОГ.
Се молат сите кошаркарски судии од град Скопје кои ги исполнуваат критериумите од Правилникот за судиски и делегатски кадар, да се пријават до крајот на месец мај на e-mail адресата на СККСГС: sudiska_komisija@yahoo.com.
Полагањето за Регионален и Државен кошаркарски судија ќе се одржи на 14.06.2009 година (Недела) во спортската сала на КК МЗТ Скопје во населбата Јане Сандански (времето ќе биде дополнително определено).
Полагањето ќе го спроведе Стручната комисија при Судиската комисија на КФМ, а ќе се состои од:
1. Писмен тест од познавањето на Службените кошаркарски правила и Механиката на кошаркарското судење,
2. Усмен дел - разговор на теми од Службените кошаркарски правила и Механиката на кошаркарското судење,
3. Физички тест (Легер),
4. Практичен дел (Судење кошаркарски натпревар)
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment