Почитувани Колеги,
Во Понеделникот на 11.05.2009 година во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија, со почеток од 18:00 часот, Судиската Комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје (СККСГС), дел од членството и Г-дата Зоран Крстевски - Комесар во младинските лиги и Љупчо Ристовски - Координатор во младинските лиги, одржаа работен состанок со следните точки од Дневниот ред:
1. Малите олимписки игри (МОИ) - завршни државни турнири за основни училишта во машка и женска конкуренција, кои ќе се одржат на територија на општина Гази Баба - Скопје,
2. Разрешување на тековните проблеми околу натпреварувањето во младинските лиги - став на СККСГС,
3. Тековни пршања.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment