
Во Загреб од 14.04. до 16.04.2009 година во организација на Хрватскиот кошаркарски сојуз се одржа FIBA семинар.
На семинарот присуствуваа вкупно 175 меѓународни делегати и кандидати за меѓународни делегати, кои ги слушаа предавањата на Љубомир Котлеба, Нар Занолин, Коста Илиев, Мигуел Бетанкур, Ричард Стоукс и Рувен Вировник.
На овој семинар меѓународните делегати и кандидатите за меѓународни делегати полагаа тестови од Правилата на кошаркарската игра, Пропозициите за натпреварување и познавањето на англискиот јазик.
Резултатите од испитите ќе бидат познати за десетина дена.
Од Македонија на семинарот и испитите беа присутни нашите членови: Антонио Угринов, Владимир Макревски, Марјан Тодоровски, Ѓорѓи Пиперков, Ѓорѓе Војновиќ, Дејан Лекиќ, Владо Цветковски и Љупчо Ристовски.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment