Thursday, April 30, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 58

Почитувани Колеги,

Во рамките на FINAL FOUR - от кој се одржа од 24.04.2009 до 26.04.2009 година во Болоња, ТЕХНИЧКАТА КОМИСИЈА на FIBA EUROPE одржа свој редовен состанок, на кој се разгледуваа идни промени, односно интерпретации на правила.

СККСГС согласно најавата, побара официјално толкување на ВИДЕО ПРИМЕРОТ 6 од членовите на ТЕХНИЧКАТА КОМИСИЈА на FIBA EUROPE кои присутвуваа на завршниот турнир во Болоња. На истите им беше поставено прашањето (Дали се ова чекори?), од причини што на гласањето за овој видео пример на нашиот блог, членството (осумнаесет (18) колеги) даде речиси изедначен одговор или десет (10) колеги се изјаснија дека ова се чекори, а осум (8), дека овој пример на движење на играчот со топка во нападот не се чекори.

ОФИЦИЈАЛЕН ОДГОВОР НА ВИДЕО ПРИМЕР 6: НЕ СЕ ЧЕКОРИ!

ОБЈАСНУВАЊЕ:

Член 25. Чекори (под ВИДЕО ПРИМЕРОТ 6 во целост е даден овој член)

25.2. Правило

25.2.1. Воспоставувањето на пивот нога за играч кој ќе фати „жива“ топка на теренот за игра.

25.2.2. Движењето со топката, за играч кој има воспоставено пивот нога додека има посед на жива топка на теренот за игра:

1. додека стои со двете нозе на подот:

- при додавање или шут на кош од игра, играчот може да отскокне од пивот ногата, но потоа ниту една нога не може да се врати на подот пред топката да ја напушти раката(цете);

2. при движење:

- при додавање или шут на кош од игра, играчот може да отскокне од пивот ногата и да доскокне истовремено на едната или двете нозе. Потоа едната нога или двете нозе може да се подигнат од подот но ниту една нога не смее да се врати на подот пред топката да ја напушти раката(цете);

3. додека играч застанува кога ниту една нога не е пивот нога:

- при додавање или шут на кош од игра, едната или обете нозе може да бидат подигнати од подот, но не можат повторно да допрат го подот, пред топката да ја напушти раката(цете).

Поздрав,
СККСГС

No comments: