
Канцеларијата на КФМ во Понеделникот на 27.04.2009 година беше известена од канцеларијата на FIBA EUROPE во Минхен, дека сите осум (8) македонски претставници на семинарот за FIBA делегати, успешно ги положија испитите од познавањето на службените кошаркарски правила, пропозициите за натпреварување и познавањето на англискиот јазик, со што се здобија со право во наредниот четригодишен (4) период да ја обавуваат функцијата - меѓународен делегат на натпревари во организација на FIBA EUROPE.
На Претходните пет (5) меѓународни делегати, на неодамна завршениот семинар во Загреб, им се приклучија тројца (3) или Г-дата Дејан Лекиќ и Владо Цветковски како новоположени меѓународни делегати и Г-динот Љупчо Ристовски кој ја обнови својата претходно стекната FIBA лиценца.
СККСГС им ја честита на сите успешно завршената работа.
Со ова, Р. Македонија сега има вкупно шеснаесет (16) FIBA делегати, односно судии, од кои петнаесет (15) активни и еден (1) неактивен кошаркарски судија со знакот на FIBA, или (по азбучен ред):
FIBA ДЕЛЕГАТИ:
1. Антонио Угринов,
2. Владимир Макревски,
3. Владо Цветковски,
4. Дејан Лекиќ,
5. Ѓорѓе Војновиќ,
6. Ѓорѓи Пиперков,
7. Љупчо Ристовски,
8. Марјан Тодоровски.
FIBA АКТИВНИ СУДИИ:
9. Александар Милојевиќ,
10. Зоран Златевски,
11. Игор Митровски,
12. Југослав Диковски,
13. Марјан Мицевски,
14. Марјан Стојовски,
15. Петар Денковски.
НЕАКТИВНИ FIBA СУДИИ:
16. Јовица Крстевски.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment