Sunday, March 22, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 50

Почитувани Колеги,

На 16.03.2009 година - Понеделник, со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ, СККСГС и дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје одржаа состанок на кој се дискутираше по следниве точки:

1. Делегирање на кошаркарски судии и делегати за натпревари организирани од КФМ,
3. Тековни прашања.

По однос на втората точка ве информираме за следново:

1. Кошаркарските судии и делегати кои не поседуваат трансакциони сметки нема да бидат делегирани на натпревари организирани од Кошаркарската федерација на Македонија независно дали се тоа натпревари од младинските или сениорските лиги.

2. Од неодамна стартуваше новата средношколска лига во кошарка која ја организира Агенцијата за млади и спорт. За делегирањето, судиските такси и патните трошоци се разговараше со претставникот на лигата - Спортска гимназија „М.М. Брицо“ - Скопје.

3. Поради обврските и активности во новата Судиска комисија на Македонија, Г-дата Петар Денковски и Игор Митровски се повлекуваат од работата на Судиската комисија на град Скопје. На нивно место, а во соогласност со членството, кооптиран е нов член. Тоа е Г-динот Алија Феревски.

Поздрав,
СККСГС

No comments: