Wednesday, February 4, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 42

Почитувани Колеги,

Ве известуваме за следното:

1. Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје (СККСГС) своите редовни состаноци со членството во вториот дел од натпреварувачката 2008/2009 сезона ги започнува на 09.02.2009 година - ПОНЕДЕЛНИК во вообичаениот термин од 18:00 часот во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија.

2. Согласно законот за финансиско работење во Р. Македонија, а кој се однесува на начинот на исплаќањето парични средства и надоместоци за правни и физички лица, дел од кошаркарските клубови од младинските лиги преку нивното Здружение и Комесарот за натпреварување, побараа оваа законска обврска да започне да се применува и при младинските натпреварувања - исплаќање на судиски и делегатски такси и патни трошоци на трансакциона сметка.
КФМ преку Комесасарот за натпреварување во младинските лиги и СККСГС се договорија да помогнат во отворањето на трансакциона сметка за оние кошаркарски судии и делегати (физичко лице) кои не ја поседуваат истата, преку NLB Тутунска Банка.
Сите Колеги кои немаат трансакционa сметкa, но и оние на кои им е потребна нова, постапката за добивање на истата можат да ја започнат во понеделник (09.02.2009 година) на редовниот состанок на СККСГС и членството со почеток од 18:00 часот при што треба да донесат:
- Фотокопија од сопствена лична карта - за сите Колеги над 18 години,
- Фотокопија од сопствена лична карта и фотокопија на лична карта на еден од родителите - за сите Колеги под 18 години.

3. Се известуваат сите млади кошаркарски судии кои немаат судиски дресови, истите ќе можат да ги подигнат во понеделник на редовниот состанок кај Комесарот за млади Г-динот Зоран Крстевски.

4. СККСГС и Комесарот за натпреварување во младинските лиги Г-динот Зоран Крстевски изготвија ОБРАЗЕЦ ЗА КРАЕН РЕЗУЛТАТ и истиот ќе Ви биде испратен преку e-mail адресата на СККСГС. Должноста на секој Делегат, а доколку нема Делегат таа должност му припаѓа на Првиот Судија, по завршување на секој натпревар од младинските лиги за кој е делегиран, истиот образец да го пополни и во текот на денот да го прати на наведената e-mail адреса или fax број од образецот.

Поздрав,
СККСГС

No comments: