Почитувани Колеги,
Во понеделникот на 03.11.2008 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ, дел од кошаркарските судии и делегати од Скопје одржаа состанок со следниов ДНЕВЕН РЕД:
1. Последните РАНГ ЛИСТИ изготвени од Судиската Комисија на КФМ,
2. Тековни прашања.
По однос на првата точка дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје го искажаа своето незадоволство од последните РАНГ ЛИСТИ и побараа од СККСГС да се преземат активности во насока на правилно рангирање во иднина, со цел повеќе кошаркарски судии и делегати да добијат шанса да судат, односно да ја обавуваат функцијата делегат во најквалитетните лиги организирани од КФМ.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment