Почитувани Колеги,
Во понеделникот на 13.10.2008 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ, дел од кошаркарските судии и делегати од Скопје одржаа состанок со следниов ДНЕВЕН РЕД:
1. Заклучоци од последниот состанок на Здружението на младински клубови поврзани со кошаркарските судии и делегати,
2. Формирање на комисија за организирање на традиционалната „Судиска Вечер“,
3. Тековни прашања
По однос на првата точка и во делот поврзан со кошаркарските судии и делегати Г-динот Зоран Крстевски - Комесар за млади при КФМ ги извести присутните за дел од заклучоците донесени на состанокот на Здружението за млади.
По однос на втората точка, а по предлог на СККСГС формирана е трочлена комисија која ќе прибере, селектира и презентира понуди од ресторани каде би можела да се одржи традиционалната „Судиска Вечер“.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment