Friday, September 12, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 26

Почитувани Колеги,

СККСГС ве известува за дел од заклучоците кои се донесени на здружението на клубови од првата лига мажи и се поврзани со кошаркарското судење.

На 25.08.2008 година со почеток од 12:00 часот во просториите на КФМ се одржа втората седница на здружението на клубови од првата лига мажи на која во својство на претставник од Судиската комисија на Македонија присуствуваше Г-динот Блаже Поповски – потпретседател на истата.

Во дневниот ред под точка 4 или:

Соработка на Судиската комисија на КФМ со Здружението на клубовите од прва лига мажи во сезоната 2008/2009, односно за под точките:
- Начин на делегирање на судии – делегати во сезоната 2008/2009,
- Санкционирање – наградување на судии – делегати во сезоната 2008/2009, како и
- Надоместок за патни трошоци на судии – делегати во сезоната 2008/2009,
претставникот на Судиската комисија на Македонија се изјасни:

Да се одложи дискусијата по оваа точка за наредната трета седница (17.09.2008 година), од причини што оваа седница на здружението се одржува во време кога сеуште се годишните одмори, па Судиската комисија на КФМ не била во можност да се состане и да донесе соодветни предлози и заклучоци по кои треба да се расправа на оваа седницата на Здружението на клубови.

Поздрав,
СККСГС

No comments: