
Во вторникот на 09.07.2008 година, ФИБА Европа ја извести Кошаркарската федерација на Македонија дека сите седум македонски кошаркарски судии со знакот на ФИБА успешно ги положија тестовите од познавање на службените кошаркарски правила и физичката подготовка на клиниките одржани во Минхен (ГЕР) и Лас Палмас (ШПА) во мај и јуни 2008 година.
Со тоа нашите меѓународни судии го задржаа правото и понатаму да ја делат правдата на натпревари организирани од Mеѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
СККСГС на своите Колеги им ја честита успешно завршената работа.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment