
Разлики во растојанието што кошаркарските судии го совладуваат со механиката за двајца и тројца судии.
Александар Милојевиќ
ФИБА судија
Знаејќи дека механиката во кошаркарското судење е систем од движења, кој се практикува за време на натпревар, а кој помага во правилно заземање позиција, со цел во прав момент да се донесе вистинска одлука, на меѓународно ниво (Словенечка и Американска студија) се вршени истражувања и при тоа дојдено е до следниве сознанија:
(Просечни вредности за еден натпревар)
Совладано растојание со механиката за 2-ца судии на еден натпревар:
Околу 6800 метри, од кои:
Во трчање 4500 метри;
Во одење 2300 метри, или:
Околу 85 минути поминуваат во движење.
Од нив 30 минути во трчање, а
Само околу 5 минуи во одмор
Совладано растојание со механиката за 3-ца судии на еден натпревар:
Околу 5300 метри, од кои:
Во трчање 3300 метри;
Во одење 2000 метри, или:
Околу 80 минути поминуваат во движење.
Од нив 25 минути во трчање, а
Околу 10 минуи во одмор, но
Кошаркарските судии имаат 17% помалку простор за набљудување
Компарација:
2-ца судии - 3-ца судии:
Поминато растојание:
6800 метри - 5300 метри = 1500 метри повеќе со механиката за 2-ца
4500 метри во трчање - 3300 метри во трчање = 1200 метри повеќе со механиката за 2-ца
2300 метри во одење - 2000 метри во одење = 300 метри повеќе со механиката за 2-ца
85 минути во движење - 80 минути во движење, од кои:
30 минути во трчање - 25 минути во трчање = 5 минути повеќе со механиката за 2-ца и
5 минути во одмор - 10 минути во одмор = 5 минути повеќе со механиката за 3-ца,
но затоа судиите со механиката за 3-ца имаат 17% помалку простор за набљудување
No comments:
Post a Comment